ВЕЧЕРВА ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД РЕВАНШ ВО ЛШ – Синоќешните резултати најавија делумен расплет во нокаут-фазата

Вечерва се играат реванши: Барселона - Њукасл, Баерн - Аталанта, Тотенхем - Атлетико и Ливерпул - Галатасарај.

ВЕЧЕРВА ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД РЕВАНШ ВО ЛШ – Синоќешните резултати најавија делумен расплет во нокаут-фазата

Со убедлива победа од 5-0 по продолженија над Бодо/Глимт, откако регуларниот натпревар заврши 3-0, Спортинг Лисабон обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Бајката на норвешкиот тим Бодо заврши синоќа, откако тие беа тотално немоќни пред португалската екипа. Во следната рунда, Спортинг ќе се соочи со Арсенал. што ретко се очекуваше по првиот натпревар во Норвешка, каде Бодо славеше со 3-0. Поразлично, Розенборг останува единствениот норвешки тим кој стигнал до четвртфиналето во ЛШ.

На другите натпреваси, Реал Мадрид уште еднаш го елиминира Манчестер Сити на Пеп Гвардиола во нокаут-фазата на ЛШ. На реванш натпреварот на „Етихад“, „Лос Бланкос“ славеа со 1:2, потврдувајќи ја победата од 3:0 од првиот меч и обезбедувајќи место во следната рунда. Манчестер Сити доминираше во почетните минути и имаше неколку стопроцентни шанси, но не успеа да го затресе голот на Куртоа. Шок за домаќините следуваше во 20. минута кога Бернардо Силва со рака го спречи ударот на Винисиус, а судијата Турпан покажа црвен картон и досуди пенал. Винисиус го реализираше ударот од белата точка за 0:1, навестувајќи го расплетот на мечот. Сити успеа да израмни преку Ерлинг Халанд во 41. минута (1:1) и имаше неколку шанси и во првите 10 минути од второто полувреме, но резултатот остана непроменет. Реал остана без првиот голман Куртоа поради повреда, но резервистот Лунин блескаше со неколку важни интервенции. Во последните секунди од продолжението, Винисиус постигна уште еден гол за конечни 1:2 и пласман во четвртфиналето.

Пари Сен Жермен обезбеди нова убедлива победа над Челзи, овој пат во Лондон со 0:3, со вкупни 8:2 се пласираа меѓу осумте најдобри тимови. Луис Енрике и неговиот тим поведоа уште во 6. минута со голот на Кваратсхелија, а веќе во 14. минута Баркола зголеми на 0:2 со фантастичен погодок. Овие два гола во првите 14 минути создадоа антирекорд за Челзи, кој никогаш претходно не примил два гола толку рано во ЛШ. Конечните 0:3 ги постави Мајулу во 62. минута, по што дел од навивачите на Челзи почнаа масовно да го напуштаат стадионот.

По елиминациите на Челзи и Манчестер Сити, Арсенал се избори за место во четвртфиналето на ЛШ трета сезона по ред. На реванш дуелот со Баер (Л) пред своите навивачи, „Топчиите“ доминираа, иако славеа со 2:0, што сепак беше доволно за пласман. Езе го отвори резултатот во 36. минута со силен и прецизен удар, а Деклан Рајс во 63. минута постави конечни 2:0, ставајќи печат на пласманот во следната рунда.

Втората половина од реванш осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите ќе се одигра вечерва. По нив ќе се формираат останатите три пара за четвртфиналето, каде веќе е познат дуелот помеѓу Арсенал и Спортинг Лисабон.

Во меѓувреме, се наѕира и големо дерби. Минхенски Баерн, со убедлива предност од пет гола од првиот дуел со Аталанта, ќе го одигра реваншот пред својата публика, со цел формално да го потврди пласманот во четвртфиналето, каде ќе се соочи со Реал Мадрид.

Во топ-8 се гледа и Атлетико Мадрид, кој на гостувањето кај Тотенхем ќе влезе со предност од 5-2 по првиот меч во Мадрид. Доколку не се случи сензација, Атлетико и тренерот Диего Симеоне ќе се подготвуваат за вториот англиско-шпански дуел во четвртфиналето, каде ќе играат Барселона и Њукасл. Тие ќе започнат од „нула“ (1-1) и ќе го одредат противникот на Атлетико.

Актуелниот европски првак ПСЖ, пак, ќе го чека исходот од дуелот на „Енфилд“. Ливерпул ќе мора да ја надополни гол-разликата од Истанбул против Галатасарај за да го продолжи натпреварувањето во ЛШ.

Вечерва (18.03) играат Барселона – Њукасл (1-1 прв натпревар), Баерн Минхен – Аталанта (6-1), Тотенхем – Атлетико Мадрид (2-5) и Ливерпул – Галатасарај (0-1)

CATEGORIES
Share This