НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ – Условите за работа важни за ефективно гонење на криминал

Нема селективна правда и сите предмети ќе се работат според закон и рокови.

НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ – Условите за работа важни за ефективно гонење на криминал
Фото: Принтскрин

Ненад Савески, кој денеска треба да биде избран за нов државен јавен обвинител, истакнува дека негови приоритети се радикална отчетност и транспарентност, дигитализација на работата и создавање услови за обвинителите да ја вршат својата работа ефикасно и достоинствено. Тој нагласува дека проблемот не е толку во платите, туку во условите за работа:

„Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал“.

Најважно за него е дигитализацијата, со што ќе се овозможи следење на работата на обвинителите и елиминирање на системот „фиока стоп“, кој честопати е предмет на критики за бавноста на обвинителството. Целта е да се идентификуваат причините за застој, дали тоа е недостиг на стручен кадар или помошно лице, и да се направат планови за подобрување на финансиите и условите за работа.

Савески не сака да издвојува конкретни предмети за кои ќе започне работа, бидејќи сите се подеднакво важни. Тој потенцира дека ќе работи според закон и рокови, без селективна правда, а институцијата функционира независно од неговото раководење:

„Јавните обвинители и сега ја вршат својата работа, тоа е нивна законска обврска. Со моето доаѓање работата не почнува и не завршува со мене. Заедно ќе изградиме силен обвинителски систем способен да открива и гони криминал“.

CATEGORIES
Share This