ФИФА ПРЕСЕЧЕ – Безбедноста на Иранските играчи не го менува распоредот
ФИФА го одби предлогот на Иран за преместување на натпреварите поради безбедносни причини.

ФИФА, ја одби можноста натпреварите на иранската фудбалска репрезентација на Светското првенство оваа година да се преместат од САД во Мексико.
Претседателот на Иранската фудбалска асоцијација претходно најави дека се водат преговори за преместување на натпреварите, со цел да се обезбеди безбедноста на играчите, во услови на зголемени тензии поради американските и израелските напади врз Иран. Сепак, ФИФА соопшти дека очекува националните тимови да настапуваат според однапред утврдената програма, објави Би-Би-Си.
Иран треба да игра против Нов Зеланд на 16 јуни и против Белгија на 21 јуни, и двата натпревари во Лос Анџелес, а против Египет ќе се соочи на 27 јуни во Сиетл.
Ова Светско првенство се одржува по првпат во три земји САД, Канада и Мексико и ќе трае од 11 јуни до 19 јули.
Минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, иако Иран е „добредојдена на Светското првенство“, тој не смета дека е „соодветно“ иранските фудбалери да присуствуваат поради нивната сопствена безбедност.


