ЕДНА ГОДИНА ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ – Мицкоски оддаде почит на жртвите од трагедијата
Премиерот Мицкоски присуствуваше на комеморативниот настан во Центарот за култура „Бели мугри“.

Фото: Социјални мрежи
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кочани оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“, на една година од пожарот во кој загинаа 63 лица.
Тој се потпиша во книгата на жалост како израз на солидарност со семејствата на настраданите и присуствуваше на комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“.
„Една година подоцна, болката и празнината сè уште се чувствуваат, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа“, напиша Мицкоски.
Тој додаде дека споменот за загинатите треба да остане вечен, а човечноста и заедништвото водилка за иднината на земјата.
„Со длабоко сочувство кон семејствата, Кочани памети, Македонија памети“, истакна премиерот.
CATEGORIES Македонија


