ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ ЗА АКТЕРОТ КИРИЛ ПОП ХРИСТОВ – Кили во среда на сцената на МНТ
Комеморацијата ќе се одржи на 18 март во 11 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар.

Македонскиот народен театар информира дека на 18 март (среда), со почеток во 11 часот, на големата сцена ќе се одржи комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили.
На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да му оддадат последна почит на уметникот кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски израз остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.
Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот и сцената.
Неговиот уметнички придонес и човечност ќе останат трајно врежани во културната меморија на Македонија.


