СКОПЈЕ СТАНУВА МУЗИЧКИ ЦЕНТАР – Младите ѕвезди од Европа ќе настапуваат на македонска сцена

Македонија за првпат ќе организира најгледаниот музички натпревар за млади во Европа.

СКОПЈЕ СТАНУВА МУЗИЧКИ ЦЕНТАР – Младите ѕвезди од Европа ќе настапуваат на македонска сцена
Фото: Принтскрин

Македонија ќе биде домаќин на својата прва Детска Евровизија! Следното издание на овој гестивал ќе се одржи во Скопје, откри ненамерно директорот на San Marino RTV, Роберто Серџо, на прес-конференција, додека официјалната потврда се очекува од European Broadcasting Union и од националниот сервис Македонска радио телевизија.

По победата на Франција во 2025 година, таа одлучи да не го организира фестивалот следната година, отворајќи простор за избор на нов домаќин. Во оваа трка, довербата падна врз Македонија, која ќе има можност да организира еден од најгледаните музички настани за млади во Европа.

Ова е историски момент за земјата и првпат детска евровизиска сцена ќе се постави во Македонија, а истовремено, тоа е прв ваков настан во некоја од поранешните југословенски земји по 2008 година.

Junior Eurovision Song Contest е сцена каде младите таленти од децении европски земји ја претставуваат својата музика и култура пред милионска публика. За Македонија, ова претставува уникатна шанса да ја прикаже својата музичка сцена, култура и гостопримство пред светот.

Со организацијата на детскиот фестивал, Скопје ќе се најде во центарот на европската музичка мапа, а младите ѕвезди ќе настапуваат пред милиони гледачи. Ексклузивни информации, подготовки и најави ќе следи на Jingle TV, медиумот кој ќе ја покрива целата подготовка и самиот настан одблиску.

Македонија се подготвува за спектакл каков што регионот одамна не видел и за првпат, младите таленти од цела Европа ќе настапуваат на македонска сцена.

CATEGORIES
Share This