БОГДАНОВИЌ СЕ ВРАЌА – Зошто го остави СДСМ и се враќа со нова српска партија во Македонија
Поранешниот градоначалник на Центар најавува нова партија со српски предзнак.

Поранешниот градоначалник на општина Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ во интервјун за поратлот Прес 24, најави враќање во политиката преку партија која ќе се залага за правата и идентитетот на Србите во Македонија.
Богдановиќ не се најде на листата за повторен мандат градоначалник и се повлече од партијата:
„Се избра друг кандидат, а клучни членови беа политички отстранети. Јас останав доследен и не преземав чекори кои би го уништиле она што сме го создале,“ изјави Богдановиќ.
Партијата ќе се фокусира на зачувување на српскиот идентитет, но ќе влијае и на другите сегменти во општеството. Тој истакна дека не таргетира високи функции, туку конкретни проекти и програми:
„Ако немате план и визија, функцијата нема тежина. Најпрво ја нудиме идејата, а позициите доаѓаат после успехот.“
Богдановиќ потврди соработка со актуелната власт во Србија и лично со Александар Вучиќ за регионална стабилност и поддршка на српската заедница.
„Политиката на Вучиќ за мир и соработка ни помага на сите, пред се на Србите во регионот.“
Сите потребни документи се собрани и ќе бидат поднесени до судот во наредните 10 дена. Богдановиќ очекува формално формирање во април 2026 година.


