Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги информира сите државјани на Северна Македонија кои моментално престојуваат во земјата дека во вторник е планиран уште еден евакуациски лет на релација Дубаи – Скопје.
Од амбасадата посочуваат дека подготовките и организациските детали за летот се во завршна фаза, поради што ги повикуваат сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација да се пријават во најкраток можен рок.
Пријавувањето може да се направи во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, на телефонскиот број +971 56 441 7532 или преку електронската пошта abudabi@mfa.gov.mk.
Досега се реализирани четири организирани евакуациски летови од регионот на Блискиот Исток, со кои во земјава се вратени вкупно 458 македонски државјани.