„ЌЕ БИДЕ МНОГУ ЛОШО ЗА ИДНИНАТА НА НАТО АКО АЛИЈАНСАТА НЕ ПОМОГНЕ“ Трамп упати предупредување до партнерите од алијансата

Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на Европска Унија разговараат за можноста за зајакнување на поморската мисија во регионот, но засега не се очекува проширување на нејзината улога во Ормускиот Проток.

„ЌЕ БИДЕ МНОГУ ЛОШО ЗА ИДНИНАТА НА НАТО АКО АЛИЈАНСАТА НЕ ПОМОГНЕ“ Трамп упати предупредување до партнерите од алијансата

Доналд Трамп предупреди дека ќе биде многу лошо за иднината на НАТО ако алијансата не помогне во обезбедувањето на Ормуски Проток, каде што бродскиот сообраќај е речиси запрен по американско-израелските напади врз Иран.

Трамп повика неколку држави – меѓу нив Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Франција и Обединето Кралство – да се приклучат кон коалиција за повторно отворање на теснецот, но засега нема значителен одѕив. Јапонија веќе соопшти дека поради уставни ограничувања нема план да испрати воени бродови.

Војната меѓу САД, Израел и Иран влезе во третата недела без знаци за смирување. Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на Европска Унија разговараат за можноста за зајакнување на поморската мисија во регионот, но засега не се очекува проширување на нејзината улога во Ормускиот Проток.

CATEGORIES
Share This