ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – Усвоени извештаи и план за јакнење на партијата

На седницата беа усвоени финансискиот извештај како и извештајот за локалните избори, на кои партијата настапи самостојно со 29 кандидатски листи.

ЦЕНТРАЛЕН КОМИТЕТ НА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – Усвоени извештаи и план за јакнење на партијата
Фото: Национал

Централниот комитет на Единствена Македонија синоќа (14.03) одржа седница на која беа донесени повеќе одлуки.

На седницата беа усвоени финансискиот извештај како и извештајот за локалните избори, на кои партијата настапи самостојно со 29 кандидатски листи.

Членовите на Централниот комитет расправаа и за резултатите од последните локални избори. Општ беше впечатокот кај членовите на Централниот комитет e дека партијата очекуваше повеќе советници од освоените на изборите, но, недвосмислено беше потенцирано дека во услови на нефер избори за кандидатите на Единствена Македонија со 0 (нула) време на медиумите во кампањата и 0 (нула) денари државно финансирање, практично и не беше можно остварувaње на подобар изборен резултат.

На седницата беше усвоен и план за наредните активности чија цел е јакнење и проширување на партиската инфраструктура.

Централниот комитет донесе и измени и дополнувања на Статутот на партијата, како и неколку статутарни одлуки од изборната надлежност на ова партиско тело.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This