КРЕМЉ ТРВРДИ – Европа ја турка Украина да продолжи со војната

Според Дмитриј Песков, разговорите за мир се во застој, додека САД се фокусираат на други глобални приоритети.

КРЕМЉ ТРВРДИ – Европа ја турка Украина да продолжи со војната
Фото: Принтскрин

Европските земји прават сè што можат за да ја убедат Украина да ја продолжи војната со Русија, додека разговорите за мировно решение моментално се во застој, изјави портпаролот на Кремљ, Димитри Песков.

Во интервју за Financial Times, Песков оцени дека европските држави не покажуваат интерес за вистински мировен процес.

„За жал, Европејците вложуваат максимални напори да ги убедат Украинците да продолжат со војната“, изјави Песков, пренесува Риа Новости.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека Москва останува отворена за дипломатско решение на конфликтот.

„Динамиката на фронтот е позитивна за нас и напредуваме и се приближуваме кон остварување на нашите цели. Но, како што истакна претседателот Владимир Путин, ние сме подготвени и за дипломатско решение“, рече Песков.

Според него, преговорите за Украина се ставени во мирување, бидејќи САД моментално се насочени кон други глобални прашања.

„Има застој. Американците имаат други приоритети“, додаде Песков.

Тој откри дека неодамна имало средба со претставник од Франција во рамки на дипломатскиот дијалог за Украина, но таа не донела конкретен напредок.

„Европејците не сакаат да помогнат во мировниот процес. Кога францускиот претставник дојде во Москва, не донесе никакви позитивни сигнали“, заклучи Песков.

CATEGORIES
Share This