СЕ ОГЛАСИЈА ЕРДОГАН И ОРБАН – Еве ги пораките
Ердоган ја критикува рамнодушноста кон страдањата на Блискиот Исток додека за Орбан Европа е во хаос поради транзицијата кон новиот светски поредок

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја осуди рамнодушноста на светските сили кон страдањата на Блискиот Исток.
„Каква разлика има дали морињата се сини или не таму каде што играчките се извалкани со крв, а детските соништа се разбиени? Каква разлика има дали морињата се сини во свет каде што шестгодишни девојчиња умираат од 335 куршуми?“ – рече Ердоган, пренесува РИА Новости.
Според него, слични хуманитарни катастрофи се присутни насекаде, од Иран до Јемен и Сомалија.
Од друга страна унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европа моментално се наоѓа во состојба на хаос поради големите промени предизвикани од транзицијата кон новиот светски поредок. Како што објави ТАСС, Орбан дојде до овој заклучок по разговори со бројни европски лидери за време на состаноците и самитите во Брисел.
Според него, Европа се соочува со сериозни предизвици, како тешката економска состојба, така и со фактот дека европските земји сè уште не се подготвени да се прилагодат на новите глобални правила.
„Тешко е да се предвиди колку долго ќе трае овој процес. Сепак, постојат одредени факти што треба да нè натераат да ја напуштиме логиката на светот во кој живеевме пред една или две години и да се обидеме да ја разбереме логиката на иднината,“ нагласи Орбан.
Тој додаде дека европските земји мора да почнат да размислуваат за новите околности и промените што го обликуваат современиот свет:
„Мора да почнеме да размислуваме за иднината во согласност со она што се случува денес.“
Орбан исто така објави дека испратил писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повикувајќи на итно укинување на санкциите за рускиот енергетски сектор. Според него, продолжувањето на сегашната политика може сериозно да ја погоди европската економија.


