ОРМУТСКИ ТЕСНЕЦ – Иран отвори пат за индиски бродови
Иранскиот амбасадор во Индија, Мохамед Фатали, не прецизираше колку бродови ќе поминат.

Фото: Принтскрин
Иран дозволи неколку индиски бродови да поминат низ Ормускиот теснец, изјави денес иранскиот амбасадор во Индија, Мохамед Фатали. Тој не прецизира колку бродови ќе имаат безбеден премин, објави „Индија тудеј“.
Техеран значително го ограничи морскиот сообраќај низ Ормускиот теснец по бомбардирањата на Иран од страна на САД и Израел. Преку овој стратешки воден пат се пренесуваат помеѓу 20 и 40 проценти од светската нафта и морскиот течен природен гас.
CATEGORIES Бизнис


