ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НАЈАВУВААТ – Телефоните и лаптопите поскапуваат драстично во 2026 година

Индустријата за вештачка интелигенција ја зголемува побарувачката за напредни чипови и мемориски модули

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НАЈАВУВААТ – Телефоните и лаптопите поскапуваат драстично во 2026 година
Фото: Принтскрин

Производителите на телефони најавуваат поскапување на уредите од 30 до 200 долари поради наглиот пораст на цените на РАМ и НАНД-меморијата.

Аналитичарите предупредуваат дека ова зголемување ќе се пренесе директно на потрошувачите. Трошоците за мобилна РАМ-меморија се зголемиле за 50%, а НАНД-флеш меморијата за 90%. Најпогодени ќе бидат најприфатливите модели под 200 долари, каде меморијата сега сочинува 43% од цената на материјалите.

Средната класа телефони ќе почувствува поскапување од 20% за РАМ и 16% за внатрешна меморија, додека водечките модели над 800 долари ќе бидат погодени поради скапите 2nm процесори. Цената на меморијата кај овие уреди може да скокне од 100 на 150 долари.

Очекувано, буџетските телефони ќе поскапат околу 30 долари, додека премиум моделите и до 200 долари. Тоа значи дека во 2026 година, или ќе добиеме пониски спецификации за истата цена, или ќе треба да издвоиме значително повеќе за уреди што порано беа достапни.

Поради експанзијата на индустријата за вештачка интелигенција, побарувачката за напредни процесори и мемориски модули расте, а тоа влијае на цените на лаптопите и мобилните уреди.

Зголемувањето на цените на меморијата и чиповите влијае и на трошоците за производство, транспорт и складирање, создавајќи ефект на “верижна реакција” врз малопродажната цена.

Конфигурациите што до неодамна беа оптимални, како лаптопите со 16 GB RAM, сега се повисоко ценети, а основните модели сè повеќе се ограничуваат на 8 GB RAM, што тешко ги задоволува современите софтверски барања.

„Цените растат главно поради глобалната трка во индустријата за вештачка интелигенција, која троши огромни количини напредни чипови и меморија, што го поскапува производството на лаптопи и телефони“ – велат експертите од WebMind.

CATEGORIES
Share This