ГОВОРОТ НА МЕЛАНИЈА – Самотијата е цена на успехот

Доналд Трамп наречен „врховен командант“, публиката реагираше со насмевка

ГОВОРОТ НА МЕЛАНИЈА – Самотијата е цена на успехот
Фото: Принтскрин

Меланија Трамп, во говорот по повод Месецот на историјата на жените, ја опиша својата улога како „осамена визионерка која гради империја на креативни потфати“.

„Како визионерка, знам дека успехот не доаѓа преку ноќ. Често сум сама на врвот, но ја следам мојата страст, ги слушам инстинктите и останувам целосно фокусирана. Во таа осаменост, мојот креативен ум работи со полна брзина, а имагинацијата ми е исполнета со оригинални идеи“, рече таа додека сопругот Доналд Трамп стоеше до неа.

Таа додаде дека вниманието кон деталите, зафатените распореди и мултитаскингот се дел од секојдневната макотрпна работа за градење успех.

„Овој принцип го применувам во сите мои улоги – мајка, хуманитарка, филантроп и претприемач како и во мојот нов филм, каде што ја водев креативната насока, бев продуцентка, ја следев постпродукцијата и ја лансирав маркетиншката кампања.“

Меланија нагласи дека „самотијата е едноставно цена на успехот“.

„Љубопитноста раѓа знаење, отворајќи врати кон идеи и индустрии што инаку можеби ќе ги занемарев“, изјави таа пред просторија полна со влијателни жени, меѓу кои портпаролката Каролина Ливит, главниот обвинител Пам Бонди и поранешната советничка Келијан Конвеј.

На крајот, таа го претстави Доналд на сцената како „врховен командант“, наместо како сопруг. Трамп се насмевна и коментираше:

„Таа е филмска ѕвезда, можете ли да верувате каква е?“

CATEGORIES
Share This