ЃАНИ ИТНО ОПЕРИРАН – Пет стентови за спас на срцето

По итната операција, Ѓани се опоравува дома и ги откажа сите настапи.

ЃАНИ ИТНО ОПЕРИРАН – Пет стентови за спас на срцето
Фото: Принтскрин

Фолкерот Радиша Трајковиќ Ѓани беше итно опериран на ВМА, а неговата сопруга, Слаѓа Трајковиќ, во разговор за „Блиц“ откри детали за неговата здравствена состојба.

Лекарите му вградија пет стентови поради блокада на крвните садови.

„Откако резултатите не беа добри, лекарите мораа да му вградат пет стентови. Сега се чувствува подобро. Тој е дома и ги откажа сите настапи за следниот период“, изјави Слаѓа.

Да потсетиме, Ѓани неодамна зборуваше за своите животни навики за „Блиц“:

„Тешко е да се следи, за среќа патувам постојано. Пијам 10, 15 пива… Кога треба да бирам помеѓу храна и пиво, секогаш бирам пиво. Кога сум дома, јадам цел ден“, призна фолкерот, додавајќи дека не пости.

CATEGORIES
Share This