МИНИСТЕРКАТА ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА – Денешниот раст на платите е реален, инфлацијата е значително пониска

Денес растот на платите надминува растот на трошоците за храна а институциите будно ја следат економската состојба на дневна основа

МИНИСТЕРКАТА ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА – Денешниот раст на платите е реален, инфлацијата е значително пониска
Фото: Национал

Состојбата на македонската економија сега е многу поразлична од времето на енергетската криза и не може да се споредува, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во телевизиско интервју.

Таа нагласи дека Владата внимателно ја следи економската ситуација и сите предлози ги базира на веродостојни и реални податоци.

„Во периодот на енергетската криза инфлацијата беше многу повисока отколку сега. Вкупната инфлација за 2022 година изнесуваше 14,2%, додека растот на платите беше 10,9%, што значеше дека реалниот раст на платите всушност беше негативен, односно инфлацијата го намалуваше домашниот буџет“, рече таа.

Министерката додаде дека во конкретен месец, номиналниот раст на платите бил 10%, но реалниот само 1,2%, при инфлација од 8,8%. Особено важно е растот на цените на храната, кој во тоа време достигнувал 11,4%, повисоко од растот на платите.

Димитриеска-Кочоска потенцира дека денес ситуацијата е значително подобрена. Реалниот раст на платите е позитивен, а инфлацијата на храната е значително намалена од просечни 21% во 2022 година на 5,2% во јануари 2026 година.

Таа потврди дека институциите будно ја следат економската состојба на дневна основа и дека сите одлуки ќе се носат врз основа на актуелните податоци. Министерката исто така напомена дека постои законско решение што е моментално на сила, кое ќе се менува ако се укаже потреба, но промените често зависат и од други законски решенија.

CATEGORIES
Share This