ОД ДНОТО ДО ЛИДЕРСТВО – Македонија бележи двоцифрен раст

Економскиот раст го потврдува Еуростат, Македонија веднаш зад Ирска, Малта, Кипар и Полска.

ОД ДНОТО ДО ЛИДЕРСТВО – Македонија бележи двоцифрен раст
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во интервју за ТВ Ора 24 истакна дека македонската економија бележи стабилен раст. Тој истакна дека 2025 година ја завршивме меѓу првите пет земји во Европа според растот на бруто домашниот производ, веднаш после Ирска, Малта и Кипар, заедно со Полска.

„Исто беше и во 2024 година. Пред шест–седум години бевме на дното во регионот, а сега сме лидери“, рече Мицкоски, посочувајќи дека бројките се од Еуростат.

Премиерот додаде дека во првите два месеци од годинава се забележува двоцифрен раст на приходите во буџетот, што, како што рече, е показател дека економијата функционира добро.

„Тоа значи дека се плаќа ДДВ, сивата економија се намалува, добивката и данокот на добивка се зголемени, компаниите работат и профитираат, а придонесите се повисоки. Сето тоа доведе до раст на платите на вработените за 12-13 проценти. Почетокот на годината ветува одлична економска година“, нагласи тој.

Мицкоски потенцираше дека економскиот развој ќе зависи и од состојбите на Блискиот Исток и од влијанието на глобалната енергетска и економска криза.

CATEGORIES
Share This