ТРАГЕДИЈА НА НЕБОТО НАД ИРАК – Американски танкер-авион се урна, шестмина загинати
Американскиот танкер-авион KC-135 се урна за време на лет во западен Ирак, а Централната команда на САД потврди дека загинале сите шест члена на екипажот.

Фото: Принтскрин
Сите шест члена на екипажот загинаа во падот на американски авион за полнење гориво во воздух во Ирак, соопшти Централната ком анда на САД (CENTCOM).
Станува збор за авион од типот Boeing KC-135, кој се урнал вчера за време на лет во западниот дел на Ирак. Со ова се коригираат првичните информации според кои во несреќата загинале четворица членови на екипажот.
Од CENTCOM информираа дека околностите под кои се случила несреќата се предмет на истрага. Во соопштението се нагласува дека губењето на авионот не било предизвикано од непријателски напад ниту од пријателски оган.
Идентитетот на загинатите членови на екипажот ќе биде објавен во согласност со воената процедура, 24 часа по известувањето на нивните семејства за трагедијата.
CATEGORIES Свет


