СТАРТ НА НОВИ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ – Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градбата
Премиерот ќе присуствува на почетокот на изградбата на дел од улиците „Никола Карев“ и „Новопланирана 1“.

Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почетокот на изградбата на дел од собирните улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Кочани. По тој повод, тој ќе даде изјава за медиумите.
Од Секторот за односи со јавноста при Владата на Република Северна Македонија информираат дека премиерот потоа ќе изврши увид во градежните работи на мостот на Кочанска Река, кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“.
Во рамки на посетата на Кочани, предвиден е и увид во тековните градежни активности за изградба на дел од потисниот цевковод, од јазол до изливниот базен на препумпната станица од водоводниот систем.
CATEGORIES Македонија


