МЕРКА 131 – Поттикнување на здружување на земјоделските стопанства

Доставување барања за користење средства од Програмата за руралниот развој.

МЕРКА 131 – Поттикнување на здружување на земјоделските стопанства
Фото: Принтскрин

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави Јавен повик бр. 02/2026 за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.

Преку Мерка 131 – Економското здружување на земјоделските стопанства, подмерка 131.1, се обезбедува поддршка за поттикнување на здружување на земјоделските стопанства.

Право на аплицирање имаат земјоделски задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност согласно Законот за задругите. Задругите мора да бидат евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Аплицирањето е на начин што барањата се поднесуваат според пропишаните обрасци со целосна документација. Детални информации, услови и формулари се достапни на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Целта е поттикнувањето на здружување на земјоделските стопанства преку формирање на земјоделски задруги како и подобрувањето на конкурентноста, организацијата на производството и пласманот на земјоделските производи.

CATEGORIES
TAGS
Share This