СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – Утре тестирање на мостот кај Здуње

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.

СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – Утре тестирање на мостот кај Здуње
Фото: Принтскрин

На 13 март 2026 година (петок), во периодот од 9 до 12 часот, ќе се врши испитување на мостот со пробно товарење на мостот на реката Вардар кај селото Здуње, на државниот пат А2 на делницата Гостивар – Кичево. Поради активностите, сообраќајот ќе се одвива според привремено воспоставен режим, со можни краткотрајни прекини.

Од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

CATEGORIES
Share This