УКРАИНА МУ СЕ ЗАКАНУВА НА МОЕТО СЕМЕЈСТВО – Нема да се плашиме
Премиерот на Унгарија ја смирува својата ќерка и ја истакнува важноста на семејното единство

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјави дека е запознаен со заканите кои, според него, доаѓаат од Украина и се насочени кон неговото семејство, но нагласи дека тој, неговите деца и внуци нема да се исплашат и ќе успеат да се справат со притисоците.
Орбан на социјалните мрежи објави видео од телефонски разговор со една од своите ќерки, во кое ја повикува да остане смирена и да не се плаши.
„Украинците веќе испраќаат закани кон моето семејство, кон моите деца и внуци. Сè е во ред, но постои граница која не смее да се премине“ – напиша унгарскиот премиер.
Во видео обраќање емитувано на унгарска телевизија, Орбан истакна дека ваквите ситуации само го зацврстуваат семејното единство.
„Сите се добро. Ги замолив да ја сфатат ситуацијата сериозно, но да не дозволат стравот да ги совлада“ – рече тој.
Според унгарската влада, закани кон Орбан претходно биле упатени и од украинскиот претседател Володимир Зеленски, а во средата и поранешниот генерал на Безбедносната служба на Украина, Григориј Омелченко, јавно упатил закани кон семејството на унгарскиот премиер.
Во Будимпешта сметаат дека ваквите изјави претставуваат обид за политички притисок врз Унгарија поради нејзиното одбивање да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија и да ѝ обезбеди воена помош.
Унгарската влада оцени дека однесувањето на украинското раководство „ги преминува сите граници“. Од Европската комисија, пак, порачаа дека заканите кон земјите-членки на Европската Унија се неприфатливи, додека повеќе европски политичари изразија поддршка за Орбан.
Инаку, Орбан е татко на пет деца, четири ќерки и еден син и има пет внуци, од кои три внуки и два внука.


