УБАВ ЈУБИЛЕЈ – Филозофското друштво на Македонија слави 70 години

Промоција на нови изданија: „Историја на естетиката“ и 38. број на „Филозофска трибина“

УБАВ ЈУБИЛЕЈ – Филозофското друштво на Македонија слави 70 години
Фото: Принтскрин

Филозофското друштво на Македонија на Филозофскиот факултет при УКИМ  одбележа 70 години постоење.

Во рамките на програмата, беа промовирани две нови изданија од крајот на минатата година: книгата „Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“ од акад. Иван Џепароски и 38. број на списанието „Филозофска трибина“.

„Историја на естетиката: од Питагора до Хјум“ ја промовираат проф. д-р Вангел Ноневски и проф. д-р Јасмина Поповска, додека м-р Мариглен Демири се осврна на содржините од 38. број на „Филозофска трибина“.

CATEGORIES
Share This