ПРОДОЛЖУВА ЕВАКУАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ОД КРИЗНИОТ РЕГИОН Пријавени се 153 патници од 4 земји
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информираше дека е во тек координирана евакуација на македонски државјани од повеќе земји на Блискиот Исток.

Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин кои побарале евакуација денеска ќе се вратат во земјава со специјален лет од Ријад организиран од Владата. Пријавени се 153 патници – 96 од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија. Поради тоа што Северна Македонија нема договор за воздушен сообраќај со Саудиска Арабија, авионот ќе слета во Приштина, од каде патниците ќе бидат превезени до Скопје. Трошоците ги покрива Владата преку МНРиНТ.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информираше дека е во тек координирана евакуација на македонски државјани од повеќе земји на Блискиот Исток.
Вчера од Дубаи беа евакуирани 150 лица, меѓу кои 125 македонски државјани, додека околу 200 македонски државјани во ОАЕ засега не сакаат да ја реализираат евакуацијата. Претходно, во неделата пристигнаа 151 патник со лет на „Флај Дубаи“, а на 5 март шест македонски државјани беа евакуирани од Израел.


