ФУДБАЛОТ ГИ ОБЕДИНУВА ЛУЃЕТО – Иран е поканет да учествува вели Инфантино

Претседателот на ФИФА разговарал со Трамп за подготовките за Мундијалот

ФУДБАЛОТ ГИ ОБЕДИНУВА ЛУЃЕТО – Иран е поканет да учествува вели Инфантино
Фото: Принтскрин

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека разговарал со претседателот на САД, Доналд Трамп, за подготовките за Светското првенство во 2026 година и за учеството на иранската репрезентација.

„Остануваат уште три месеци до почетокот на турнирот. За време на нашиот разговор, се осврнавме на ситуацијата во Иран и на успешното квалификување на иранската репрезентација за Светското првенство. Претседателот Трамп потврди дека Иран е поканет да учествува на турнирот. Светското првенство е настан што ги обединува луѓето. Искрено сум благодарен на претседателот Трамп за неговата поддршка, што уште еднаш ја покажува обединувачката моќ на фудбалот“, напиша Инфантино на социјалните мрежи.

За потсетување, на 28 февруари Израел и САД започнаа воена операција против Иран, која вклучуваше воздушни и ракетни напади врз воени објекти и градови.

Светското првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

CATEGORIES
Share This