ДЕНЕС ЗАСЕДАВААТ ПЕТ СОБРАНИСКИ КОМИСИИ – Еве за кои предлог-закони
Сите предлог-закони се разгледуваат по скратена постапка.

Во Собранието денеска (11.03.) ќе заседаваат пет комисии:
Комисија за одбрана и безбедност на чиј дневен ред се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки.
На дневен ред на Комисија за прашања на изборите и именувањата се формирање Комисија за селекција на кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата, разгледување барања за остварување право на плата по престанок на функцијата од поранешен претседател и член на Регулаторната комисија за домување.
Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка.
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правна комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите.
Сите предлог-закони се разгледуваат по скратена постапка.


