ПРИЈАТНО ВРЕМЕ – Сонце со умерена облачност и слаб ветер
Температурите ќе бидат во благ пораст, а времето ќе остане стабилно.

Фото: Национал
Времето денеска (10.03.) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и температура во интервал од -3 до 18 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
CATEGORIES Македонија


