ТРАМП ПОВИКА – Австралија да им даде азил на иранските фудбалерки
Иранските фудбалерки се наоѓаат под заштита на австралиската полиција и размислуваат за азил.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повика Австралија да им обезбеди азил на иранските фудбалерки кои настапуваа на Азискиот куп за жени, предупредувајќи дека нивното враќање во Иран може да ги доведе во сериозна опасност. Трамп истакна дека, ако Австралија не го направи тоа, Соединетите Американски Држави ќе ги прими играчките.
Иранската женска репрезентација настапуваше во Австралија, но беше елиминирана по поразот од Филипините. Тимот се најде во центарот на медиумското внимание поради тоа што не ја испеа химната на Иран на неколку натпревари, што доведе до шпекулации дека играчките се под притисок од властите или дека се одметнале. Коментатор на иранската државна телевизија го нарече нивното молчење „врв на срамот“.
Пет фудбалерки се одвоиле од тимот и се наоѓаат под заштита на австралиската федерална полиција, барајќи помош и разгледувајќи можност за азил. Австралискиот министер за внатрешни работи, Тони Бурк, отпатувал во Бризбејн за да се сретне со нив.
Глобалниот синдикат на фудбалери, Фифпро, изрази загриженост за безбедноста на тимот, посочувајќи дека ситуацијата создава сериозни хуманитарни и безбедносни ризици. Настанот се одвива во контекст на геополитички тензии по воздушните напади на САД и Израел врз Иран, во кои беше убиен врховниот лидер, Али Хамнеи.


