ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВТОТ РАСТАТ – Февруари бележи зголемување од 2,9% на годишно ниво
Февруарските податоци ја потврдуваат тенденцијата на постепен раст на трошоците за живот

Фото: Национал
Трошоците за живот во февруари бележат умерен раст од 0,2% во споредба со јануари, но вистинскиот притисок се чувствува на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците за животот во февруари 2026 година е повисок за 2,9% во однос на истиот месец минатата година.
Најголем раст на цените на месечно ниво е забележан кај услугите за образование, кои поскапеле за 4%. Следат облеката и обувките со раст од 1,1%, како и производите за лична нега и социјална заштита со пораст од 0,9%. Минимално, но сепак пораснале и трошоците за храна, безалкохолни пијалаци и домување (вклучувајќи сметки за вода и струја), со пораст од 0,2%.
CATEGORIES Бизнис


