ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЌЕ ГО ПОГОДАТ СТАНДАРДОТ – Владата размислува за намалување на даноци и акцизи
Премиерот предупредува: Економските притисоци се неизбежни поради конфликтот на Блискиот Исток.

Фото: Принтскрин
Премиерот Мицкоски денеска предупреди дека, иако безбедносната ситуација на Блискиот Исток е под контрола, конфликтот ќе донесе економски притисоци. Најголем удар се очекува во нафтената индустрија и кај цените на горивата, поради што Владата веќе разгледува мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
„Заедно со Министерството за финансии разгледуваме можности за намалување на акцизата и даноците, со цел да го намалиме економскиот удар врз граѓаните“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека Македонија не е високо зависна од гасот, особено по завршувањето на грејната сезона, но дека притисокот врз цените на нафтата е неизбежен и бара брза реакција од институциите.
CATEGORIES Бизнис


