Американската актерка Меган Фокс повторно го привлече вниманието на јавноста со впечатливо враќање на Instagram, каде со смело модно издание ги воодушеви своите следбеници. Нејзиниот поранешен свршеник, музичарот Машин Ган Кели, не остана рамнодушен и јавно реагираше на објавата.
Фокс позираше во минималистичка комбинација надополнета со високи чорапи и платформи со впечатлив дизајн, со што дополнително го нагласи провокативниот стил. Во описот на фотографиите таа напиша: „Сè е поубаво затоа што сме осудени на пропаст“.
Објавата за кратко време собра повеќе од три милиони допаѓања, уште еднаш потврдувајќи го нејзиното силно влијание на социјалните мрежи.