БОРБА НА АВИОНИ ВО ВОЗДУХ – Израелски Ф-35И собори ирански Јак-130 над Техеран

Историски момент со прво соборување на авион со екипаж од страна на израелски Ф-35.

БОРБА НА АВИОНИ ВО ВОЗДУХ – Израелски Ф-35И собори ирански Јак-130 над Техеран
Фото: Принтскрин

Израелскиот борбен авион Ф-35И утрово наводно собори ирански Јак-130 од руско производство над Техеран.

Израелската војска соопшти дека ова е прво соборување на авион со екипаж од страна на израелски Ф-35. Израелците исто така објавија видео од наводниот инцидент.

Ова е првпат по околу 40 години израелските воздухопловни сили да се вклучат во воздушна борба со непријателски авиони со екипаж. Последниот пат кога израелски авиони соборија непријателски авион со екипаж беше на 24 ноември 1985 година над Либан, кога израелски Ф-15 соборија два сириски МиГ-23.

CATEGORIES
Share This