ПАД НА ЗЛАТОТО И ДРУГИТЕ МЕТАЛИ Силниот раст на амероканскиот долар предизвика нагла распродажба на скапоцени метали

Индексот на доларот се искачи близу тримесечен максимум, што го прави златото поскапо за странските купувачи и ги зголемува приносите на обврзниците, намалувајќи ја неговата привлечност.

ПАД НА ЗЛАТОТО И ДРУГИТЕ МЕТАЛИ Силниот раст на амероканскиот долар предизвика нагла распродажба на скапоцени метали

Силниот раст на американскиот долар предизвика нагла распродажба на скапоцени метали, при што златото падна за речиси 4% и го достигна најниското ниво од февруари. Со тоа беа избришани добивките по нападите на САД и Израел врз Иран, додека инвеститорите реагираа на новите инфлациски притисоци и можноста Федералните резерви да ги намалат каматите побавно од очекуваното.

Аналитичарот Дејвид Морисон предупреди дека е можен дополнителен пад доколку продолжи притисокот за продажба. Индексот на доларот се искачи близу тримесечен максимум, што го прави златото поскапо за странските купувачи и ги зголемува приносите на обврзниците, намалувајќи ја неговата привлечност.

Пад забележаа и другите метали: среброто (-8%), платината (-10%) и паладиумот (-7%). JPMorgan оцени дека геополитичката „премија за ризик“ може да порасне, но ваквите скокови ретко траат кога берзите се под притисок.

CATEGORIES
Share This