ВМРО-ДПМНЕ: СРАМНО И БЕЗОРАЗНО Е СООПШТЕНИЕТО НА СДСМ И во минатото партијата ги корисеше трагедиите за политички поени
Партијата СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија - оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека соопштението на СДСМ по трагедијата во скопски Карпош е „срамно и безобразно“, обвинувајќи ја партијата дека трагедиите ги користи за политички поени.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на случаи како смртта на Мартин Нешковски, Тамара, настаните во Диво Насеље, Смилковското езеро и други, за кои велат дека СДСМ ветувал правда, но по доаѓањето на власт со Зоран Заев и Венко Филипче, сè било заборавено.
Повикуваат СДСМ да не ја користи трагедијата за политичка корист, и додаваат дека сега се зборува гласно и транспарентно, со именување на одговорните. ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство до семејствата на жртвите.
CATEGORIES Македонија


