СОНЦЕ ПРЕТПЛАДНЕ – Попладне зголемена облачност и можен локален дожд

Без значителен пад на температурите, но со појава на краткотраен дожд.

СОНЦЕ ПРЕТПЛАДНЕ – Попладне зголемена облачност и можен локален дожд
Фото: Национал

Времето денеска (04.03.) претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и температура во интервал од 1 до 17 степени – информираат од Управата за хидрометоролошки работи на Македонија. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

CATEGORIES
Share This