ПОЈАВУВАЊЕТО НА ЏИМ КЕРИ ПРИВЛЕЧЕ ГОЛЕМО ВНИМАНИЕ Најмногу се зборуваше за неговиот изглед
На социјалните мрежи се појавија шпекулации – од пластични операции и ботокс, до теории на заговор дека станува збор за двојник со маска.

Фото: Принтскрин од Инстаграм
Џим Кери (64) се појави на 51. доделување на наградите Cesar Awards, каде што ја прими почесната награда. Неговото ретко појавување во јавност привлече големо внимание, но наместо за говорот и признанието, најмногу се зборуваше за неговиот изменет изглед.
На социјалните мрежи се појавија шпекулации – од пластични операции и ботокс, до теории на заговор дека станува збор за двојник со маска. Пластичниот хирург Мадина Осман изјави дека, според фотографиите, можно е актерот неодамна да направил фејслифтинг или друга естетска интервенција, што би го објаснило „затегнатиот“ изглед и ограничените изрази на лицето.
И покрај гласините, официјална потврда за каква било интервенција нема.
CATEGORIES Сцена


