РОНАЛДО ГО НАПУШТИ РИЈАД СРЕДЕ НОЌ – Приватниот авион слета во Мадрид

Приватниот авион „Бомбардиер Глобал Експрес 6500“ полета од Ријад во 20:00 часот и слета во Мадрид по речиси седумчасовен лет.

РОНАЛДО ГО НАПУШТИ РИЈАД СРЕДЕ НОЌ – Приватниот авион слета во Мадрид
Фото: Принтскрин

Приватниот авион на Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија доцна во ноќта, што предизвика бројни шпекулации дека фудбалската ѕвезда привремено или трајно ја напушта земјата поради ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток.

Ријад, градот во кој 41-годишниот Роналдо живее со својата партнерка Џорџина Родригез и нивните пет деца, бил погоден од ирански бомби за време на четвртиот ден од вооружените судири, што дополнително ја зголеми загриженоста кај странските државјани.

Според податоците од системите за следење на летови што се појавија на интернет, авионот на Роналдо полетал од Ријад околу 20:00 часот и слетал во Мадрид нешто по 1 часот по полноќ, по лет кој траел речиси седум часа. Заминувањето се случува во момент кога голем број странци го напуштаат регионот, а повеќе меѓународни летови кон Ријад се откажани или пренасочени.

Фудбалерот на Ал-Наср, кој според проценките заработува околу 560.000 евра дневно, моментално е надвор од терените поради повреда. Тој беше принуден да го напушти натпреварот при победата од 3:1 против Ал Фајха, а постојат стравувања дека закрепнувањето би можело да влијае врз неговиот настап на претстојното Светско првенство.

Авионот со кој Роналдо го напушти Ријад е „Бомбардиер Глобал Експрес 6500“, купен во 2024 година за околу 70 милиони евра, откако тој го продаде претходниот „Галфстрим Г200“. Луксузниот авион, целосно обоен во црна боја и персонализиран со логото на фудбалската ѕвезда, може да прими до 15 патници и располага со повеќе простории,  дневна соба со софи, спална соба со двоен кревет и бања со туш.

CATEGORIES
Share This