ИРАН ТАГУВА – 165 деца убиени во напад врз училиште

Погребна поворка низ улиците на Минаб, со фотографии и ковчези на загинатите ученици.

ИРАН ТАГУВА – 165 деца убиени во напад врз училиште
Фото: Принтскрин

Во иранската покраина Хормозган започна погребна поворка за 165 деца кои загинаа во американско-израелски напад врз основното училиште „Шаџаре Тајебех“ во Минаб, јави порталот „Прес ТВ“.

Семејствата и граѓаните излегоа на улиците за да оддадат последна почит на своите деца. Присутните на церемонијата носеа мали ковчези и фотографии од убиените ученици.

Нападот го погоди двокатното училиште за време на наставата, при што беа повредени речиси 100 лица, вклучувајќи едукатори и родители. Густ чад се креваше од урнатините на зградата, а нападот е опишан како терористички.

Обвинителот на Минаб го осуди нападот како „криминален“ и „дивачки“. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го нарече „предавнички и нехуман“, истакнувајќи дека е уште едно злосторство на агресорот против Иран, кое нема да се заборави.

Според Иранската Црвена полумесечина, досега повеќе од 550 луѓе загинале за време на нападите што започнаа во саботата.

CATEGORIES
Share This