ОЈО ИЗВРШИЛ УВИД ВО КАРПОШ Откако мајка и дете паднале од балкон кај поранешна Алумина

Наредена е обдукција и прибирање материјални докази, а се разговара со повеќе лица за утврдување на причините.

ОЈО ИЗВРШИЛ УВИД ВО КАРПОШ Откако мајка и дете паднале од балкон кај поранешна Алумина

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид во Карпош, каде по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете.

Наредена е обдукција и прибирање материјални докази, а се разговара со повеќе лица за утврдување на причините. Повеќе детали се најавени за утре.

Случајот бил пријавен во 14:15 часот, откако мајка и дете паднале од балкон во зградите кај поранешна Алумина.

CATEGORIES
Share This