ДЕНЕС ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА Е ГЕНСЕКОТ НА НАТО Поради тоа Скопје со посебен сообраќаен режим
Посетата, која се одвива во услови на зголемена безбедносна чувствителност, ќе предизвика привремени застои и засилено полициско присуство во централното подрачје.

Посебен сообраќаен режим денес ќе важи во центарот на Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. МВР соопшти дека ќе се преземат мерки за регулирање на сообраќајот, а од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на полицијата.
Руте ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и собранискиот претседател Африм Гаши, ќе се обрати во Собранието и ќе ја посети касарната „Илинден“. Посетата, која се одвива во услови на зголемена безбедносна чувствителност, ќе предизвика привремени застои и засилено полициско присуство во централното подрачје.
CATEGORIES Македонија


