ПОДРШКА ЗА КАТАР – Муцунски го оцени нападот како повреда на меѓународното право

Телефонски разговор меѓу Муцунски и катарскиот министер за надворешни работи

ПОДРШКА ЗА КАТАР – Муцунски го оцени нападот како повреда на меѓународното право
Фото: Принтскрин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи.

Во текот на разговорот, Муцунски го осуди отворениот ирански напад врз територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, особено на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите. Тој ја искажа целосната солидарност и поддршка кон Катар, потврдувајќи ја поддршката за сите мерки и одлуки кои се преземени за обезбедување на безбедноста и стабилноста на земјата.

Муцунски истакна дека, во услови на зголемени регионални тензии, е неопходна воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман со цел спречување на понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

CATEGORIES
Share This