ОБЈАВЕНО ВИДЕО ОД НАПАДОТ – САД изведоа напад со Б-2 врз ирански објекти

Нападот е изведен со бомби од 900 килограми врз утврдени балистички објекти на Иран.

ОБЈАВЕНО ВИДЕО ОД НАПАДОТ – САД изведоа напад со Б-2 врз ирански објекти
Фото: Принтскрин

Синоќа, Соединетите Американски Држави изведоа напад врз ирански објекти за балистички ракети со бомбардери Б-2, објави Централната команда на САД (CENTCOM) на платформата X.

Во објавеното видео, се гледаат бомбардерите Б-2, а CENTCOM истакна:

„Американски бомбардери Б-2, вооружени со бомби од 900 килограми, ги нападнаа утврдените објекти за балистички ракети на Иран. Ниедна нација не треба да се сомнева во решителноста на Америка.“

Минатата година, САД исто така користеа бомбардери Б-2, кои полетаа од воздухопловната база Вајтман во Мисури за да нападнат нуклеарни објекти на Иран длабоко под земја. Засега не е објавено од која локација полетаа авионите во саботниот напад.

CATEGORIES
TAGS
Share This