СДСМ СТОИ ЗАД ТУТУНАРИТЕ – Борба за правата на земјоделците
Трудот на тутунарите, кои работат од утро до мрак, останува недоволно вреднуван.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче оставри средба со тутунопроизводителите од велешкото село Горно Оризари за да разговараат за проблемите во производството на тутун и состојбата во земјоделството.
Тутунарите изразија револт поради штетните политики на владата, чијшто ефект веќе го чувствуваат. Филипче истакна дека нивниот револт е оправдан, бидејќи владата наместо да им помогне, им го отежнува работењето.
„Владата го скрати буџетот за земјоделски субвенции за 40 милиони евра и ги усложни условите за добивање помош. Трудот на тутунарите, кои работат од утро до мрак, е понижен. Очигледно, развојот на земјоделството и егзистенцијата на илјадници семејства не е важен за оваа власт“, рече Филипче.
Тој додаде дека владата ги укина сите добри мерки што беа воведени во периодот на СДСМ, вклучувајќи ја авансната исплата на субвенциите, оставајќи ги земјоделците без сигурност и поддршка.
„Оваа власт крати од сите, за да обезбеди средства за сопствениот луксуз и криминални тендери. Земјоделството не смее да биде жртва на политички игри. СДСМ е со земјоделците и преку сите расположливи механизми ќе се бори за нив“, нагласи претседателот на СДСМ на средбата со тутунарите од Горно Оризари.


