ОД ДЕНЕС НОВИ ПРАВИЛА ЗА КАРТИЧКИ – Само со лична потврда ќе се извршуваат трансакции

Новите правила важат за сите корисници на платежни картички

ОД ДЕНЕС НОВИ ПРАВИЛА ЗА КАРТИЧКИ – Само со лична потврда ќе се извршуваат трансакции
Фото: Принтскрин

Од денеска, 1 март, граѓаните кои плаќаат онлајн со платежни картички ќе мора да следат нови правила. Наместо досегашното потврдување преку СМС-код, воведена е законска обврска за засилена автентикација. Секое плаќање сега ќе мора да се одобри преку мобилната банкарска апликација.

„Корисниците ќе добиваат известување на мобилната апликација и ќе треба лично да ја одобрат трансакцијата. Потврдата може да се направи со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице“, објаснуваат од банките.

Оваа промена значително ја зголемува безбедноста. Дури и ако некој ги има податоците од вашата картичка, плаќањето нема да може да се изврши без вашата лична потврда преку мобилниот уред. Целта е максимална заштита на средствата на граѓаните и компаниите преку дополнителни безбедносни проверки.

CATEGORIES
TAGS
Share This