ТРАМП КОМАНДУВА ОД МАР-А-ЛАГО – Иран возврати со напад на 6 држави во регинот

Луѓето беа евакуирани поради дојдовните експлозии, а системите за противракетна одбрана беа активирани.

ТРАМП КОМАНДУВА ОД МАР-А-ЛАГО – Иран возврати со напад на 6 држави во регинот
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се наоѓа во својата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида, каде ги следи случувањата по нападот извршен од американските и израелските сили во Иран. Според CNN, Белата куќа потврди дека Трамп претходно ја одобрил големата воена операција против Иран.

Иран возврати со напади, предизвикувајќи паника во регионот. Во Абу Даби се евакуирани луѓето од Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, а звуци на експлозии се слушаа во повеќе земји.

Катарското министерство за одбрана соопшти дека успешно одбило неколку ирански напади, а системот Патриот, произведен во САД, пресретнал ракета. Катар е домаќин на американската база Ал Удеид, најголемата воена база на САД во регионот.

Иран објави дека таргетирал американски воени објекти во Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Јордан и северен Ирак, како и дека испукал десетици балистички ракети кон Израел.

Согласно иранските државни медиуми и медиумите поврзани со ИРГЦ, целите биле воздухопловната база Ал Удеид (Катар), воздухопловната база Ал-Салем (Кувајт), воздухопловната база Ал-Дафра (ОАЕ), американската поморска база во Бахреин, воздухопловната база Мувафак Ал-Салти (Јордан) и американска база во северен Ирак.

Дел од иранските ракети беа пресретнати, но остатоците паднаа во станбени зони во ОАЕ, при што загина еден цивил. Во Бахреин една ракета ја погоди американската поморска база, но нема извештаи за жртви.

Системите за воздушна одбрана на Катар, Кувајт и Јордан успешно пресретнале повеќе балистички ракети насочени кон нивните територии.

CATEGORIES
TAGS
Share This