УДАР ВО СРЦЕТО НА ТЕХЕРАН – Уништeн заштитениот комплекс на Али Хамнеи

Локацијата важела за главна резиденција и место за прием на највисоки државни и безбедносни функционери.

УДАР ВО СРЦЕТО НА ТЕХЕРАН – Уништeн заштитениот комплекс на Али Хамнеи
Фото: Принтскрин

На социјалните мрежи се појави сателитска снимка од локација во Техеран која, според тврдењата, го прикажува уништениот таканаречен заштитен комплекс на иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи.

Како што се наведува, комплексот бил директно погоден, а на снимката јасно се гледа густ чад што се издига над повеќе целосно или делумно уништени објекти.

Оваа локација Хамнеи вообичаено ја користел како своја резиденција и како главно место за прием на високи државни и безбедносни функционери. Сепак, неговото актуелно место на престој засега останува непознато.

Според неофицијални информации, Масуд Пезешкијан, заедно со Хамнеи, бил евакуиран на безбедна локација.

CATEGORIES
Share This