ТАЖНА ВЕСТ – Почина професор Владо Јаневски
Јаневски остави значаен белег во македонската хирургија и образуваше генерации млади лекари.

Фото: Принтскрин
По долгогодишна борба со болест, на 71-годишна возраст почина познатиот хирург и универзитетски професор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски беше препознатлив како врвен медицински стручњак и посветен едукатор, кој остави длабока трага во областа на хирургијата и медицинската наука. Во текот на својата професионална кариера образуваше и менторираше бројни млади лекари и хирурзи, од кои многумина денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватни здравствени установи низ земјава.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата на гробиштата во Бутел.
CATEGORIES Македонија


