ОДЛОЖЕНА СРЕДБАТА НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗБОРНИ РЕФОРМИ -Единствена Македонија бара вклучување и на вонпарламентарните партии
Дневниот ред и изборот на претседател ќе бидат разгледани на идната седница

Конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, што требаше да се одржи вчера, е одложена за следната недела поради технички причини.
На првиот собир, членовите на Комисијата не навлегле во суштинска расправа, бидејќи прво треба да се утврди дневниот ред.
Главната причина за одложувањето биле јазичните бариери и потребата од превод на материјалите.
Истовремено, во соопштение до јавноста партијата Единствена Македонија бара во Комисијата да бидат вклучени и вонпарламентарните партии, бидејќи како што велат „изборите се процес во кој учествуваат сите политички партии, без разлика дали се парламентарни или вонпарламентарни. Затоа, поставувањето на прашањето дека само парламентарните партии имаат право да носат одлуки за сите, е неприфатливо“.


