ЗАГРИЖУВА СОСТАВОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК – Изборите не се прашање само на неколку партии
Комисијата за измена на Изборниот законик работи без присуство на медиуми и без учество на сите партии.

Единствена Македонија изразува длабока загриженост поради денешната информација дека во Министерството за правда на затворена седница започнува со работа Комисија за изменување и дополнување на Изборниот законик, составена исклучиво од парламентарни партии и без присуство на новинари.
Изборите се процес во кој учествуваат сите политички партии, без разлика дали се парламентарни или вонпарламентарни. Затоа, поставувањето на прашањето дека само парламентарните партии имаат право да носат одлуки за сите, е неприфатливо.
Прашањата поврзани со изборите, кои се темел на секое демократско општество, не можат да бидат предмет на одлуки на неколку партии. Клучно е да се обезбеди учество на сите политички субјекти, да се слушнат идеи и предлози на сите учесници во изборниот процес и да се оценуваат според тоа дали обезбедува фер и демократски избори.
Единствена Македонија повикува и апелира на расправа за прашањата поврзни со изборите со учество и на вонпарламентраните партии на отворени состаноци на Комисијата.


